Објавено на:

Фаучи: САД излегоа од пандемијата на Ковид-19

t

САД сега се „надвор од фазата на пандемијата“ бидејќи хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19 се веќе ниски, изјави д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во таа земја.

– Сигурно сме надвор од фазата на пандемијата во оваа земја во моменто“, рече Фаучи во интервју за PBS NewsHour, кога водителката Џуди Вудраф го праша колку е блиску земјата до крајот на пандемијата на коронавирус.

Ковид-19 во САД продолжува да расте – за повеќе од 22 отсто во последната недела покажуваат податоците на ЦДЦ, но Фаучи истакна дека „нема да го искорениме овој вирус“ и дека луѓето ќе треба рутински да се вакцинираат за да задржат ниска стапка на сериозна форма на болеста и смртни случаи.

– Не знам колку често тоа ќе треба да се прави, рече Фаучи за вакцинацијата. – Може да биде секоја година, може да биде подолго, за да се задржи на ниско ниво. Но, ние не сме во фаза на пандемија во оваа земја во моментов, рече тој.

Сепак, на глобално ниво, рече Фаучи, „нема сомнеж дека оваа пандемија сè уште трае“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…

Пет години по погребите, распаѓањето на телата…

Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…

Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…

Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…