“Турнејата” продолжува: Зеленски ќе се обрати пред албанските пратеници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана.
Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видео порака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот.
Во последните неколку недели, украинскиот претседател со видео пораки се обрати во парламентите на неколку европски земји.
Албанија, сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметнувајќи санкции кон Русија.
Во земјата до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, на кои им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби за азил.
Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко…
Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук…
Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…
Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…