Објавено на:

(Видео) Уредничка на Russia Today:Ако е неопходно Путин ќе почне Трета светска војна во Украина

t

Уредничката на провладината и забранета речиси низ цел свет ТВ, Russia Today ( РТ ) која се смета за гголем пропагандист на Кремљ вели дека е поверојатно е Владимир Путин да го притисне нуклеарното копче отколку да ја изгуби војната во Украина, .

Маргарита Симонјан, уредничка на државната телевизија „Русија тудеј“, за време на гостувањето на телевизија рече дека е „поверојатно“ рускиот претседател да се сврти кон својот нуклеарен арсенал отколку да го признае поразот.

Симонјан, една од главните гласноговорници на Кремљ, рече: „Или ќе загубиме во Украина, или ќе започне Трета светска војна. Мислам дека Третата светска војна е пореална, ако го познаваме нашиот лидер.

„Најневеројатниот исход, дека сето ова ќе заврши со нуклеарен удар, ми изгледа поверојатен од другиот тек на настаните.

Во очигледен обид да ја рационализира реториката, Симонјан додаде: „Сите ќе умреме еден ден“.

„Ова е мој ужас од една страна“, им рече таа на своите колеги гости.

„Но, од друга страна, тоа е тоа што е. Ние ќе одиме во рајот, додека тие едноставно ќе цркнат… Сите ќе умреме еден ден“.

Нејзините коментари следат по зголемената реторика за нуклеарна војна во последните денови кои излегуваат од Кремљ.

Во средата, Путин се чинеше дека се осврна на нуклеарните капацитети на Москва во предупредувањето до Западот во кое рече дека „сите цели дефинитивно ќе бидат реализирани“ и секоја земја што ќе се обиде да „се меша“ во конфликтот ќе се соочи со „брза“ одмазда.

„Ги имаме сите алатки за ова, работи со кои никој друг не може да се пофали дека ги има. И нема да се фалиме, ќе ги користиме ако е потребно. И сакам сите да го знаат тоа“, рече тој.

„Ако некој има намера да интервенира во тековните настани однадвор и да создаде стратешки закани за Русија кои се неприфатливи за нас, тој треба да знае дека нашите одмазднички удари ќе бидат молскавично брзи“, им рече тој на руските пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Прво се искрале децата, па се истепале…

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид…

Благодатниот оган за Велигден и годинава од…

Претставници на грчката Влада и оваа година…