Османи: Внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со Европската Унија.

– Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ако нема решение скоро, мислам се помалку енергија и политички капитал за да се преземе одговорност и да се влезе храбро, додаде шефот на македонската дипломатија, рече Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Османи изрази стравување дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија.

Според него, ќе се чека од Европската Унија да каже што понатаму бидејќи ние сме направиле се што сме можеле и не можеле.

– Целиот свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прадедото на Коста – детето убиец од…

Прадедото Косте К., Драгутин Кецмановиќ, пред речиси…

Бугарија преминува на евро, по кој курс…

Советот на министри за финансии на Европската…

Гори кај Блаце, во Бутел, Дојран, Кавадарци,…

Центарот за управување со кризи во најновиот…

Во писмото до претседателката на БиХ, Трамп…

Во писмото што американскиот претседател Доналд Трамп…

(Видео) Секој ден се фаќаат по 30…

Секој ден се фаќаат по 30 ДИВИ…