Објавено на:

Бугарија преминува на евро, по кој курс ќе се разменуваат левовите?

t

Советот на министри за финансии на Европската унија (ЕКОФИН) денес ги потврди последните технички чекори за влез на Бугарија во еврозоната во јануари 2026 година и утврди дека курсот на конверзија ќе биде фиксен на 1,95583 лева за едно евро.

Официјална Софија има помалку од шест месеци да ги заврши сите технички подготовки за размена на валута до 1 јануари следната година, кога официјално ќе стане 21-ва членка на еврозоната, објавува Ројтерс.

„Целиот процес поврзан со членството на Бугарија во Еврозоната практично завршува денес. Ништо не може да ја запре Бугарија на патот кон Еврозоната“, изјави бугарската министерка за финансии Теменузка Петкова за порталот „Новините“.

Бугарија се обидува да се приклучи на Еврозоната уште од влегувањето во ЕУ во 2007 година, но процесот постојано се одложува.

Европската комисија и Европската централна банка во јуни изјавија дека Бугарија е подготвена да го усвои еврото, но поддршката на граѓаните на Бугарија за европската заедничка валута е ослабена.

Според анкетата на Евробарометар од мај, половина од Бугарите се скептични во врска со преминувањето на еврото, а многу испитаници се плашат од зголемување на цените.

Со влегувањето на Бугарија, само шест земји-членки на Европската Унија ќе останат надвор од Еврозоната. Тоа се Шведска, Полска, Чешка, Унгарија, Романија и Данска, а ниту една од нив во моментов нема конкретни планови за преминување на еврото, пренесува НИН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…