Полицијата одзеде 11 мотоцикли кои не биле регистрирани и предизвикувале бучава

t

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција казни 237 возачи на мотоцикли, а притоа се одземени 11 мотоцикли чија сообраќајна дозвола била истечена и создавале голема бучава.

Од изречените 237 санкции, 145 возачи не користеле заштитна кацига за време на возењето, 44 возеле без возачка дозвола, а 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и предупредува дека ригорозните сообраќајни контроли ќе бидат редовни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…