Објавено на:

Големи пожари во САД, уништени повеќе од 160 станбени објекти

t

Големата суша што го зафати северниот дел на американската сојузна држава Ново Мексико предизвика големи шумски пожари при што се уништени 166 станбени објекти, а стотици домови се загрозени од силните ветрови што ја носи огнената стихија кон планинските населби.

Локалните власти укажуваат дека илјадници жители се подготвуваат за евакуација доколку пожарите се приближат до населените места во Мора долината, 64 километри североисточно од Санта Фе.

– Утре може да биде уште еден катастрофален ден, изјави Карл Швопе, командант на Службата за интервенции во вонредни ситуации.

Ова се најголемите и најразорните пожари што моментално беснеат во југозападниот дел на САД. Научниците тврдат дека пожарите се почести и посилни, а годинава поради климатските појави почнале порано од вообичаено.

Шерифот на округот Мора, Америк Падила, им порача на локалните жители, што ги има околу десет илјади, да ги спакуваат куферите и да се држат до своите најблиски бидејќи наредбата за евакуација може да дојде во секој момент.

Сушата што трае веќе 25 години, ги исуши дрвјата на влажност од само осум проценти, што е помалку отколку дрвената граѓа. Долгогодишната суша од пошумените планини создаде потенцијална опасност за населението.

Метеоролозите за утрешниот ден предвидуваат ветрови со брзина од 80 километри на час. „Ќе биде многу опасен, огнен ден“, изјави експертот за шумски пожари Стјуарт Тарнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан им ја честиташе победата на Силјановска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја честиташе победата…

Стево го победи СДСМ со над 90.000…

Според досегашните резултати од вториот круг на…

ПАДНАА ПРВИТЕ ОСТАВКИ ВО СДСМ – си…

Ова е неговиот интегрален текст објавен на…

Апасиев: Левица ќе продолжи за петпати појако…

По 85% од пребројани гласови, партијата Левица…

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја…