Ружиќ: Дојавите за бомби во сите 23 средни училишта во Белград се лажни
По дојавите за поставени бомби во 23 средни училишта и гимназии во Белград, припадниците на Министерството за внатрешни работи интервенирале, извршиле проверки и утврдиле дека сите пријави се лажни, изјави министерот за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ, истакнувајќи дека училиштата и полицијата реагирале соодветно и брзо и учениците биле безбедни, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот Ружиќ додаде дека по увидотот на МВР, учениците сукцесивно се вратиле на настава, а во училиштата чии ученици поради ваквата состојба биле вратени дома, часовите ќе бидат надоместени во наредниот период.
-Припадниците на МВР ефикасно реагираа, а наставата во втора смена ќе се одвива редовно, изјави Ружиќ.
Во 23 средни училишта и гимназија во Белград утринава пристигнала циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.
Учениците и вработените беа евакуирани на безбедно, додека полицијата и нејзините стручни служби ги проверуваа наводите.
МВР и БИА истражуваат кој го испратил меилот за бомбите, кој бил од една иста електронска адреса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…
„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…
Русија осуди фотограф на 16 години затвор…
Руски суд во четврток соопшти дека го…
Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…
Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…