Кризата во Украина дополнително го збогатува Катар: Еве зошто имаат право да “се радуваат” на војната
Кризата во Украина уште повеќе ја збогатува една од најбогатите земји – а станува збор за Катар, пишува Блумберг.
Организацијата на Светското првенство во фудбал е веќе голема работа за Катар, но потребата Европа да го замени рускиот природен гас со некој друг ќе и даде вистинско влијание на оваа земја од Заливот, наведува агенцијата.
Во последниве недели, неколку високи функционери на Европската унија летаа во Доха и сите јасно ставија до знаење: „Ни треба вашиот гас што е можно поскоро“.
Германија им нареди на компаниите да започнат преговори за снабдување.
Итноста стана уште поакутна оваа недела откако Русија го прекина снабдувањето со Полска и Бугарија.
Извозот на енергија на Катар се очекуваше да достигне 100 милијарди долари оваа година, за прв пат од 2014 година, врз основа на трендовите во првиот квартал, според проценките на Блумберг.
Во меѓувреме, катарската влада од одржувањето на Мундијалот очекува економски профит од 20 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…
Украина и Полска: Руската закана веќе е…
Украина и Полска предупредија на зголемена руска…