Објавено на:

(Видео) Руска телевизија објави колку секунди би биле потребни да ги снема Лондон и Берлин

t

На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева и Алексеј Журављов, пратеник во Думата, зборуваа за тоа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета Сармат треба да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои ја снабдуваат со оружје Украина.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета што го носи озлогласениот прекар Сатана 2 или Сатановиот син во круговите на НАТО.

„Еден Сармат и толку – Британските острови постоеја, Британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум“, рекол Журавлев, пренесува порталот Правда.

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.

„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журавлев.

„Ќе почнеме од почеток“, коментира Скабеева. Таа изјави дека времето на летот на Сармат од Калининград до Берлин е 106 секунди, од Калининград до Париз 200 секунди, а до Лондон 202 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…