Драма во Скопје: Маж намамил Германка во неговиот дом па ја држел како заложник
Вчера во 15.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.А.(22) од с.Трубарево, скопско, постапувајќи по пријава од В.С.(25) од Р.Германија, според која по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., таа дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во с.Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди.
При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен маж од Кумановско, пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски…
Обвинителството ја истражува смртта на тетовецот кој…
Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата…
Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека…
Скринингот што го побара СДСМ, по пожарот…
Продолжува скринингот во Трубарево – досега кај…
Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг…
Утре и задутре, на Клиниката за пулмоголија…
Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника…