Уште еден испад на Милановиќ: Новинарите ме следат како кожна инфекција, како чешање
Хрватското здружение на новинари (ХНД) го повика хрватскиот претседател Зоран Милановиќ да престане да ја навредува новинарската професија, оценувајќи дека изјавите на претседателот за новинарите и медиумите се несоодветни и се за осуда.
Реагирајќи на изјавата на Милановиќ дека не ги следи медиумите, ХНД посочува дека оценките на шефот на државата за медиумите се навредливи за сите претставници на медиумите.-Јас не ги следам, тие ме следат. Ме следат како чешање, како инфекција на кожата. Некои работи едноставно не можам, а да не ги видам. Тоа е ужасно лошо. Тоа е целосно запоставена професија, ја цитира агенцијата Хина, изјавата на Милановиќ која ја поттикна реакцијата на ХНД.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милановиќ: Израел ги изгуби моите симпатии
Ги осудив убиствата, дури и изразив згрозеност…
Милановиќ: Европа на Макрон со повеќе брзини…
Ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат…