Синдикатите попладнево на штрајк во Скопје, бараат зголемување на платата од 2.806 денари
Првомајскиот протест на ССМ започна попладнево во Скопје, а штрајкувачите порачаа дека „Без пари нема работа“ барајќи зголемување на платата за сите од 2806 денари.
„Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, гласеше една од пораките на штрајкувачите на ССМ.
Синдикалците побараа и договори за вработување на неопределено време, но иставање крај на мобиногт.
„Додека ти се подготвуваш за пикник, колегите одат да се борат за твоите права“ беше слоганот под кој се мобилизираше членството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денешниот првомајски штрајк.
На протестот се присутни членови на ССМ од повеќе градови – Куманово, Неготино, Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Велес, а предводник е претседателот на Сојузот, Дарко Димовски.
Штрајкот почна пред зградата на ССМ, продолжи кон Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, а планирано е да заврши пред Влада од каде ќе бидат упатени и барањата на работниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…
(Видео) Сакате евтина работна сила за да…
Лесно е со 160.000 месечна плата да…
Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…
Срам да им е на „синдикатите“ кои…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците скандираат „лопови“ и „апаши“…
- Ова не се работодавачи, ова се…