Министерство за култура, Собранието или општината, никој не кажува кој е надлежен за споменикот на УЧК во Слупчане – Институциите и денеска си ја префрлаа топката
Изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА која свечено ќе биде пуштена утре е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на културното наследство за „Сител“.
Собранието според нив требало да донесе петгодишна програма за прославување на познати личности и настани што не е случај со споменикот изграден во чест на жртвите на ОНА како што е именуван. Во надлежност на локалната власт може да биде поставување на спомен обележје, кое во пракса е нешто помало, симболично и е од локално значење.
Законот е донесен пред околу 20 години но оттогаш до денес ниту еднаш не е испочитувана процедурата за поставување на споменици. Доколку значењето на споменикот е од национално, државно значење и се однесува на важни настани и личности, според уставот, државата е таа која треба да го уреди поставувањето.
Од министерството за култура се оградија.
Во овој случај се постапува според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за што се надлежни Собранието или единиците за локална самоуправа. Министерството за култура во ниту еден сегмент не учествува во подигање на современи споменици и спомен обележја.
Па според ова, анализира телевизијата, се извлекува заклучок дека споменикот во Слупчане е од локално значење иако за откривањето на спомен кулата во висина од околу 20 метри е организиран свечен настан на кој ќе присуствуваат голем број функционери од власта. Овој споменик чини околу 200 000 евра. Датумот 2 мај партијата ДУИ го слави како ден на бранителите а оваа година на истиот ден се празнува и Рамазан Бајрам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското…
Организацијата на воени ветерани на ОВК остро…
Ахмети: Денешниот протест не е против Македонија
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на протестот…
(Видео) Скандалозно скандирање на протестот на УЧК…
Денеска на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, се…
Протест во поддршка на поранешните лидери на…
Денес во Стразбур се одржа протест во…
Навивачи скандираа „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт…
Голем број албански навивачи се собраа во…