TМРО: Во Слупчане споменик на ОНА, а во Лозово не може да се крене македонското знаме со 16-кракото сонце
Во Општина Липково денеска се отвора 20-метарскиот споменик за борците на УЧК од 2001. Општина Лозово пред десетина дена изгласа одлука за шеснаесет кракото сонце како општинско знаме. Но, СДС ги повика на одговорност своите советници кои гласаа „за“ оваа одлука, а градоначалникот на општината од ВМРО-ДПМНЕ не ја потпишува одлуката за поставување на знамето за објава во службен весник, под изговор дека ќе барал мислење од државните институции, реагираат од ТМРО, партија на лија иницијатива беше донесена одлуката во Лозово.
„За ТМРО е смешно и претставува антимакедонски чин наоѓањето изговори за избегнување на поставување на македонското национално знаме, а во исто време без никаков закон се поставува споменик на УЧК“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…