(Видео) Арсовска најавува културна револуција во Скопје: Ќе се промовира се што е квалитетлно и наше, се што е домашно, се што е македонско!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс истакна дека ќе работи макотрпоно на возобновување на културниот живот во Скопје.

Таа потенцираше дека ќе се промовира се што е квалитетлно и наше, се што е домашно, се што е македонско со цел да се вратат вистинските вредности.

Градот ќе поддржува проекти од областа на културата и уметноста кои ќе значат враќање на македонски автори и изведувачи.

-Верувам дека културната сцена во Градот Скопје одамна не е тоа што беше, не само за најмладите генерација туку за сите. И верувам дека е неопходно да се вратат вистинските вредности, меѓутоа и оние од областа на културата и уметноста, сето она што порано било вредно да се види и да се чуе, мора да се вратиме на македонските автори и изведувачи и сетоа она што е значајно кај нас. Да го цениме пред се она што е нашето тука, па понатаму се останато. Затоа што мора да постојат овие критериуми. Само во следните неколку дена веќе имаме повеќе фестивали кои отпочнуваат во Скопје и ќе ги промовираме од утре. Имаме повеќе фестивали кои ќе започнат и верувам дека ова ќе значи почеток на една традиција, а голем дел од нив ќе бидат возобнување на традицијата. Но пред се во промовирање на она што е наше, домашно, она што е македонско, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста до 9 часот за претседателските избори…

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…

Може да гласаат и граѓаните кои имаат…

На денешните претседателски и парламентарни избори можат…

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…

ЦУК: Најава за невреме, не престојувајте на…

Според метеоролозите, денеска, ќе има локална појава…