Објавено на:

(Видео) Инфраструктурен бум во Скопје: Арсовска наброи дел од најважните започнати проекти

t

Во денешната епизода на “Наше Скопје” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека Градот отпочнал голем број инфраструктурни прокти од кои еден дел се во надлежност на градот, но тие помагаат и за проектите кои се во налдежност на општините преку договори за меѓуопштинска соработка.

“Дел од проектите се со меѓуопштинска соработка. Склучуваме договори за соработка, последната е во Ѓорче Петров, а ова е нов пристап на санирање на проблеми од насеелни места таму кои градоначалникот ги детектирал, а не биле средени повеќе од 30 години. Таму се асфалтираат голем број на учици, во Ново Село и Даме Груев, се асфалтираат 20-30 улици таму како дел од “Ѓорче без кал”.

Исто така имаме договор со Бутал, улицата “Скоевска” се реконструира после 30 години, улицата е во многу лоша состојба. Перо Наков исто така беше истакнувана како една од клучните делници кои треба да се реконструираат, граѓаните секојдневно реагираат.

Љубљанска е проект кој можам да кажам со гордост дека решивме голем број проблеми со експропријација за рекордно време, ние пристапивме активно кон тоа. Исчистивме еден цел дел од трасата од брегот на Вардар до излезот на Илинденска, сега работиме на другата страна кај Момин Поток и наскоро ќе има отпочнување на работата таму.” – објасни Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=602393627942591&notif_id=1651516690060343&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…