Објавено на:

Документ за абортус во САД предизвика ШОК, почнаа и протести!

t

Противници, како и заговорници, за правото на абортус, денеска излегоа на улиците низ Вашингтон, откако во јавноста излегоа информации, дека американскиот Врховен суд би можел да ја поништи пресудата на „Ро против Вејд“ од 1973 година. Со таа пресуда, се легализираше абортусот.

Во документот, чија автентичност сè уште не е утврдена, мнозинското мислење на Судскиот совет, сугерира дека е за поништување на пресудата.

Од Врховниот суд, како и од Белата куќа, засега нема коментар за ваквите медиумски тврдења.

Врховниот суд во 1973 година го легализираше абортусот по тужбата на Норма МекКорвеј, која е нарекувана со псевдонимот Џејн Ро. Таа, во 1969 година, останала бремена со трето дете и поднела тужба против јавниот обвинител Хенри Вејд, тврдејќи дека забраната за абортус во Тексас, е, противуставна.

Според анкетата на центарот Пју Ресрч (Pew Research Center), 59 отсто од возрасните Американци се за абортусот да биде легален во сите или мнозинство случаи, додека 39 проценти сметаат дека тоа треба да е против закон во најголем дел, или сите случаи.

Протекувањето на документот предизвика шок во САД и не само поради тоа што судот е горд што ги држи во тајност своите внатрешни размислувања, коментираат медиуми.

Дел од нив, пишуваат дека републиканците би можеле да донесат забрана за абортус, а демократите пак, да побараат заштита на правото на абортус, на национално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласачите ќе биде прашани дали сакаат да…

Државната изборна комисија упати апел до гласачите…

Германија го зголеми извозот во март

Германскиот извоз се зголеми во март во…

Албанец уапсен на Деве Баир

Албанец уапсен на еден македонски граничен премин. …

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…