Објавено на:

Укинат задолжителниот селф тест за учениците во Грција

t

Со изменети здравствени протоколи, без задолжителниот неделен селф тест, но и понатаму со задолжителна заштитна маска, учениците во Грција денеска се вратија во училишните клупи, по пролетниот распуст за велигденските празници, јави дописничката на МИА од Атина.

Изменетиот протокол за училиштата и за факултетите е во рамките на планот на грчката Влада за олабавување на Ковид рестрикциите.

Учениците и вакцинираните просветни работници повеќе нема да биде потребно да се тестираат со селф тестови (тестови за домашна употреба), а за невакцнинираните професори и наставници, задолжително ќе треба да се тестираат со еден рапид тест седмично, што е на нивен трошок.

А истите мерки важат и за студентите и универзитетските професори.

Непроменети се правилата за задолжителна маска и на отворено и во затворените простории, за употреба на антисептик и за редовно проветрување на училниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се…

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј…

Стејт департмент: Не е точно дека Ескобар…

Американскиот Стејт департмент ги отфрли обвинувањата дека…

Галант: Израел нема избор, мора да почне…

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа…