Обвинител нареди да се извршат разговари со сите повредени патници од автобусот во Прилеп

t

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.

Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење.

Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Трајковски до Кочовска: Ние долгот сега…

Министерката за финансии изјавила: "Претпријатијата кои во…

Водата во Езерото Младост е опасна –…

Водата во Езеро Младост е потенцијално опасна…

Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Ученик на Светите Методиј и Кирил и…

Блокади во голем број градови во Србија,…

Српската жандармерија доцна синоќа употреби физичка сила…

Мојсоска: Ангелов изјави дека купување на противпожарни…

Стојанче Ангелов (функционер во влада која се…