Обвинител нареди да се извршат разговари со сите повредени патници од автобусот во Прилеп

t

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.

Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење.

Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба:…

Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс…

Дејли Бист: Здравјето на Кралот Чарлс се…

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека…

„Дневник“: Странска интервенција од неочекуван правец ги…

На мрежите се споделува и проследува едноставен…

Блинкен за неколку дена во Израел, седми…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник…

Апасиев: Нема паѓање во духот

Фејсбук статус на Димитар Апасиев, претседател на…