Објавено на:

Нов инцидент: Германски ловци пресретнале руски авион

t

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го придружувале сѐ додека не излегол од германска територија, објавија германските медиуми.

„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Руген, по што два „Еурофајтер“ авиони полетале од базата Лага кај Росток и го придружувале рускиот авион до заминување од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.

Дополнително беше потврдено дека леталото „се приближувало кон германскиот воздушен простор“, но дека го променило правецот по полетувањето на германскиот авион. Инцидентот се случил во саботата, јавуваат германските медиуми.

Во меѓувреме, данската влада го покани рускиот амбасадор во земјава на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во истиот лет рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…

Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…