Инфективната клиника повторно отворена за пациентите

t

Заврши неколкунеделното чистење и обнова на дел од опремата во Клиниката за инфективни болести. Од денеска таа е отворена за пациенти.

Во амбулантите имаше пациенти, но никој од нив не беше со ковид. На првиот работен ден немаше ниту еден пациент со ковид. Ова е катот каде лежеа најтешките случаи со ковид, пацинети кои со недели беа зависни од кислород. Денеска сите соби беа празни. Директорката на клиниката вели дека чистењето и обнвувањето на системто за кислород и дел од опремата мора да бидат подготвени секогаш.

Директорката на клиниката вели дека од денеска се враќа персоналот со план за лекување на ковид пациенти и за лекување на пациенти кои не се со ковид.

Доктор Стевановиќ вели дека иако во моментов бројот на заразени е многу низок, со лесна симптоматологија сепак вирусот не се знае како ќе продолжи со мутациите и она што е потребно е да се вакцинира населението. Таа е посебно загрижена што има голем пад на вакцинација кај деца и очекуваат да има нови епидемии како пред три години со морибили.

За две години колку трае пандемијата во оваа болница имало 47 илјади пациенти кои биле амбулантски прегледани и хоспитализирани. Според пресметките лекувањето на тежок пациент чинело и до пет илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: „Гордата дипломатија“ на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл…

ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше…

Апасиев: Овој треба да е во притвор…

Наместо да биде во притвор за трагедијата…

Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак…

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека…

Марта Кос со силна порака од Скопје:…

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во своето…

Османи со Бектеши во чаршија: Прво појавување…

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за…