Медведев до Милановиќ: Внимавајте, Киев ќе се одмазди за “непријателските” изјави на Хрватска
Поранешниот руски претседател, а сега потпретседател на Советот за национална безбедност и близок соработник на Путин, Димитриј Медведев го предупредил хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека е под сериозна закана на Киев кој наскоро планира да му се одмазди поради неговите изјави за и околу Украина.
Медведев на својот канал Телеграм напиша дека на Милановиќ му се заканува одмазда за неговите ставови и изјави за Украина и Русија.
„За новите непријатели на Украина“, гласи насловот на пораката на поранешниот руски претседател на каналот на социјалната мрежа Телеграм објавен вчера.
Медведев пишува дека „Украина станува се повеќе терет за западните спонзори без никаква добивка “ и дека „Американците се уште се плашат“од Русија
Јасно е дека секогаш има малку оружје, платеници и пари.Алчните европски лидери не сакаат да ја издвојат вистинската фигура.Не ги ценат оние кои ја подржуваат борбата против тиранијата .Лидери како што се хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан Западот сега ги смета двајцата за непријатели и им порачува – Страдајте!“. пишува Медведев.
Тој смета дека наскоро ќе следи одмазда поради постапките на Зоран Милановиќ.
„Наскоро, во европските престолнини, украинските нацисти ќе ги потиснат непожелните газди и ќе го „одделат детето од мајката“. Затоа, претседатели и премиери на Франција, Германија, Италија – внимавајте. И вие сте им сомнителни“, напиша Медведев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…
Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…
Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…
Во хрватското Министерство за наука, образование и…
Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…
Владата на Република Хрватска на седница одржана…
Маж од БИХ скршил рампа на граничен…
Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…
Хрватска ќе ги части пензионерите еднократен финансиски…
Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ…