(Видео) 20 години Единицата за брзо распоредување ја гарантира безбедноста на државата и граѓаните

t

Секојдневните безбедносни предизвици во 2001 та година и потребата за одржување на јавната безбедност, на јавниот ред и мир и извршување на сложени полициски задачи се причините за создавање нова полициска единица. Создадена најпрвин како Баталјон за да потоа прерасне во посебна единица ЕБР Единица за Брзо распределување опстојува 20 години, извршувајќи најсложени полициски задачи.

ЕБР дејстувуваво урбани и рурални средини, на спортски натпревари, културни манифестации,протести или демонстрации, справување со криминални банди, апсење сторители на тешки кривични дела, едноставно кажано секогаш и секаде каде што има потреба за зачувување на јавниот ред и мир, интегритетот и безбедноста на државата.

Желба, мотивација и голема подготвеност се потребни за да се биде секогаш и секаде и успешно да се одговори на сите предизвици кои работата ги носи.

За да се биде дел од ЕБР потребно е најпрвин да се биде дел од Министерството за внатерешни работи, за да потоа преку интерен оглас се пријават кандидати на селективна обука. Секој од кандидатите треба да исполнува повеќе услови, меѓу кои: да не биде постар од 30 години, да биде физички и психички подготвен како и неколку други услови.

Физичката и психичката спремност е од особена важност, па токму затоа и самите критериуми се доста високи, со цел секој припадник на оваа единица да биде максимално подготвен да одговори на зададените задачи.

Во склоп на објектот каде што е сместена единицата е направена спомен соба, каде што е прикажана целата 20 годишна историја, облеката која ја носеле низ годините, оружјето што се користело како и сите останати важни предмети од секојдневното функционирање, а посебно место имаат и хероите кои трагично ги загубиле своите животи извршувајќи ја професионално својата задача.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ