Литванскиот министер за надворешни и Османи: Не може една членка да ја држи цела ЕУ во заложништво – Ако Македонија не добие датум за преговори во јуни одговорноста е на Брисел!

t

Ниедна земја – членка не може да го држи целиот процес на проширување во ЕУ заложништво, порача шефот на литванската дипломатија Ландсбергис кој е во официјална посета на Скопје.

Според него европските вредности се на тест а Унијата се наоѓа на крстопат каде може да се сруши, изгуби кредибилитет или да излезе посилна. Ландсбергис порача и дека е време земјите членки на ЕУ  да почнат да прашуваат – кои се вистинските мотиви за нови барања од Софија 

– Сметам дека дојде времето земјите членки на ЕУ а не само институциите на ЕУ да почнат да прашуваат прашања за вистинските мотиви за упатувањето нови барања до Скопје и да се придржува до новите барања. И мислам дека ниедна земја не може да го држиццелиот пристапен процес, целиот принцип на политиката на отворени врати во заложништво . И спомнав тоа многу јасно – ЕУ даде заложби уште пред децении. – изјави Габрелиус Ландсбергис МНР Литванија.

А шефот на македонската дипломатија Османи со порака дека одговорноста ќе биде на Брисел и Софија ако Македонија не добие датум и овој јуни. За внесување на билатерални прашања во преговарачката рамка, Османи вели дека повеќето земји члени се сензитивни и се противат на овој предлог  

– Топката повеќе не е во нашиот двор, топката е во Софија и во Брисел. Дали они ќе одлучат да преземат стратешко лидерство во овие моменти или не – е нивна одговорност ако биде или не биде. Јас знам и ќе повторам тоа што го кажав дека понатаму ќе има се помалку енергија овде а се разбира и поддршка од граѓаните за да можеме целосно да се посветиме на оваа тема. – изјави Бујар Османи МНР.

Иако надежите за датум во јуни опаѓаат, преговорите со Софија продолжуваат. Барањето за внесување на Бугарите во Македонскиот устав е се уште во фокусот, но се уште нема компромисно решение кога да се направи тоа. Доколку сепак се постигне договор со Софија  – Османи порача дека евентулниот предлог документ ќе биде презентиран пред пратениците во законодавниот дом.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…