Објавено на:

Алијанса за Албанците се навредија: ДУИ не е УЧК, тие ги оддалечуваат Албанците од УЧК

t

Голем удар и навреда за славата на УЧК е денешната изјава на министерот на ДУИ, Бујар Османи од вчерашната инаугурација на споменикот на УЧК во Слупчане, особено кога оваа изјава доаѓа од оние кои инсистираат дека имаат ексклузивитет на историјата во 2001 година во Македонија, реагираат денеска од Алијанса на Албанците по повод вчерашното откривање на спомен-кулата во кумановско.

Според АА, денешната изјава на Бујар Османи е скандалозен чин кој бара казна од секој Албанец, бидејќи со оградувањето од споменикот, тој всушност се обиде да ги оддалечи Албанците од УЧК.

-Денеска конечно паднаа маските. Албанците, денес, после 20 години, конечно сфатија дека „ДУИ не е УЧК!“; дека „сите добри дела за Албанците во крајна линија не носат печат на ДУИ!“, туку дека ДУИ е срам, навреда и понижување на секој Албанец за интересите на власта и фотелјите на политичката клика која ги зароби Албанците, соопштија од АА.

На откривањето на споменикот во Слупчане присуствуваа целиот албански државен и политички врв од земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ДУИ ќе ги мести изборите во…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…

Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој

„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…