Објавено на:

Заврши разговорот Путин-Макрон: Еве што разговараа двајцата лидери

t

Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Зборувајќи за војната, Путин, според соопштението од Кремљ, рекол дека „Западот би можел да ги запре овие страотни случувања со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекинување на испораката на оружје за Украина“.

Путин обвини дека украинските сили сториле воени злосторства кои Европската унија ги „игнорира“.

Рускиот претседател додаде дека „и покрај некохерентноста и неподготвеноста на Киев за сериозна работа, руската страна е секогаш отворена за дијалог“ со цел да се најде решение за конфликтот.

Одговарајќи на загриженоста на Франција за безбедноста на снабдувањето со храна во светот, Путин рече дека „ситуацијата во врска со тоа е комплицирана главно од западните санкции против Русија“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…