Вучиќ: Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати пред новинарите пред неговото заминување во Германија за средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Германија е сериозна земја и се подготвува за она што следува. Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години. Имате два клучни проблеми – енергијата и инфлацијата. Добро е што ние немаме висока стапка на јавен долг.Ќе биде доволно, нема да имаме проблеми на крајот, но мора многу да се направи“, рече Вучиќ.
„Кој и да ви каже дека ќе биде прекрасно и одлично – нема. Ќе биде многу тешко. Имате два проблема – енергија и храна. Покрај сето ова, проблемот со инфлацијата. Има многу тешки работи пред нас за нашите граѓани“, рече Вучиќ.
Тој му се заблагодари на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и додаде дека со него разговарал за сите важни теми, Украина, Брисел, европскиот пат на Србија и билатералните односи меѓу Грција и Србија.
„Добро е што бевме овде. Ги задоволуваме нашите потреби од различни страни. Верувам дека во годините што доаѓаат ќе обезбедиме нормален и пристоен живот за нашите граѓани“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…