Радев: Европската перспектива на Македонија нема алтернатива и е стратешка цел за Бугарија

t

Европската перспектива на Република Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

Сепак, нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Македонија и да се запре говорот на омраза, јави дописникот на МИА од Софија. Ова го кажа Радев на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија“.

Конференцијата се одржува на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев.

Радев, исто така, посочува дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Македонија.

-Промената на Уставот на Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја, изјави Радев.

Тој, исто така, запраша дека ако сега не можат да обезбедат 2/3 мнозинство во парламентот за да го направат тоа, каква ќе биде волјата на властите да ги исполнат критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ. Според бугарскиот претседател Радев, нерешавањето на политичките прашања меѓу двете соседни земји ја блокира и размената во сите други области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…