Владата нема да го празнува 9-ти мај: Или сте со демократскиот свет или сте со Русија, Белорусија и Северна Кореја
Поголема делегација од земјава заминува во Вашингтон, САД, на 2 јуни, за да го започне дијалогот со Стејт департментот. Последен пат вакво нешто има направено Хрватска пред неколку месеци, но ние сме први од Западен Балкан, кои што го почнуваме и сметам дека е еден вид признание на сите наши општествени и државни постигнувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Ова е дел од новата стратегија во надворешната политика за воспоставувањето процес на следење на имплементацијата на стратешкиот договор со САД и покренување нови иницијативи во делот на економската соработка, енергетиката, одбраната, кибер заштитата, додека со ЕУ продолжуваат разговори на паралелни текови оти, како што рече Османи, наша цел е да создадеме европска и функционална држава.
Тој вели дека државата нема да најде друга алтернатива на ЕУ, но дека сѐ помалку има политички капитал – поддршка од граѓаните за, како што вели, бесконечно да продолжиме во ова малтретирање. Сепак, според Османи, мора да добиеме одговор од ЕУ што понатаму.
Овие два месеца треба да се вложиме оти ова е една од последните шанси да ги надминеме разликите со Бугарија и да ги започнеме европските процеси – рече Османи за Утрински брифинг.
За односите со Русија, Османи рече дека се такви како што се и дека ние најжестоко сме ја осудиле руската агресија во Украина и врз основа на тоа преземаме одредени мерки.
– Вчера на Влада донесовме и препорака до општините да не учествуваат на настаните по повод 9 Мај, а се планираат од Руската амбасада во наредните три дена. Владата ги посоветува општините, затоа што не може да ги задолжи – изјави Османи, посочувајќи дека нема сиви зони по ова прашање – или сте со демократскиот свет или сте со Русија, Белорусија и Северна Кореја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Вмровската судијка Даниела Димовска, асистентка на…
Вмровската судијка ДАНИЕЛА ДИМОВСКА денес Судскиот совет…
СДК: Избледеа велопатеките во Битола, од „Паркинзи“…
За многу кратко време избледе црвената боја…
Противпожарно возило остана без вода среде интервенција…
Возило на противпожарната единица остана без доволно…
Голем пожар во Кочани, изгоре куќа
Во пожар што избувна околу 14 часот…
Тренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите…
Наместо реални решенија, повисоки плати и грижа…