Живееме од донации: Кина ќе ни испрати 30 амбулантни возила
Министерот за здравство Беким Сали денеска се сретна со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Зуо, кој како што вели министерството за здравство, е докажан пријател на нашата земја, секогаш подготвен да даде поддршка во здравствениот систем на РМ.
– На денешната средба разговаравме за забрзување на процесот за ИМП со 30 нови амбулантни возила, како поддршка и од страна на амбасадорот Зуо беше истакната заложбата за нивно што поскоро пристигнување. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Џанк Зуо и на народот на Народна Република Кина како наши големи поддржувачи во справувањето со ковид пандемијата, посочи министерот Сали. На средбата исто така беше договорено и зајакнување на кадарот во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип, информираа од МЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…
Кина лансираше девет сателити за научни експерименти…
Кина вчера успешно лансираше девет сателити во…