Армијата предупредува: Ќе има пукање во Скопје во следните неколку денови
Армијата на Република Македонија со цел транспарентно прикажување на активностите кои можат да предизвикаат зголемен интерес, ги информира граѓаните на Скопје и околината дека од вечерните часови на ден 04.05 до 08.05.2022 година, на вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ ќе се изведува обука во склоп на која ќе се користат вежбовни артифиции.
За време на изведување на планираните активности во склоп на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила, додека во утринските часови на ден 06.05.2022 година ќе има и активности во воздух.
-Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на град Скопје, информираат од АРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…