Објавено на:

Градоначалникот на Мариупол загрижен: Изгубивме контакт со војниците во “Азовстал”

t

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека се водат тешки борби во челичарницата Азовстал, „каде што украинските сили го бранат својот последен џеб на контрола во градот“.

Бојченко за украинската телевизија информира дека е изгубен контактот со борците внатре во Азовстал.

Околу 100 цивили беа евакуирани од челичарницата во последниве денови, но се смета дека стотици цивили, меѓу кои и повеќе од 30 деца, сè уште се внатре.

Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Би-Би-Си дека Русите „почнале бура“ во челичарницата.

Кремљ, пак, негираше дека Русија го напаѓа индустрискиот комплекс.

„Нема бура“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека има „ескалации“ кога Украинците заземаат напаѓачки позиции.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-ен-ен: Израел тајно распореди сили во Азербејџан

Си-ен-ен објави истражување во кое тврди дека Израел за…

Макрон: Разговарав со Трамп, подготвени сме да…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција…

САД го забрзуваат повлекувањето на војниците од…

Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат…

Хантавирусот се шири меѓу украинските војници

Хантавирусот се шири меѓу украинските вооружени сили…

„Русија планира да пее и танцува на…

Зборот „деца“ беше напишан со огромни бели…