Бугарија ќе ја поправа воената опрема на Украина
Бугаскиот парламент денеска одлучи дека земјата ќе ја поправа украинската воена опрема и ќе бара начини да и помогне на Украина со извозот на жито и електрична енергија, заобиколувајќи ги предлозите за обезбедување директна воена помош за Киев.
Членката на ЕУ и НАТО, Бугарија ја осуди руската инвазија на Украина, ги поддржа санкциите против Москва, одби да го плати рускиот гас со рубљи и прими над 90.000 украински бегалци.
Но, црноморската земја и понатаму е една од ретките во 27-члената ЕУ што не испратила оружје и муниција во Киев, бидејќи еден од четирите коалициски партнери, социјалистите, пријателски настроени кон Русија, се спротивставија на таквиот потег.
Пратениците гласаа да и се дозволи на владата да обезбеди воено-техничка поддршка за Украина и да видат како таа може да ја поправи украинската тешка воена опрема како што побара Украина.
Два други предлози кои поддржуваа испраќање воена помош за Украина не добија доволно поддршка од пратениците.
Бугарскиот извоз на оружје е зголемен за три пати од почетокот на руската инвазија на Украина, покажаа официјалните податоци. Земјата не извезува оружје во Украина директно, но официјалните лица рекоа дека не можат да контролираат што купувачите, главно од земјите на ЕУ, би сакале да направат понатаму со овој извоз, пишува Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…