КСС утре ќе бира ново раководство

t

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) утре на конгрес ќе избира ново раководство, по што ќе биде донесена одлука за чекорите што ќе ги преземе во наредниот период.

Синдикатот останува на ставот дека Законот за административни службеници е потценувачки и оти со него ќе нема зголемување на платите, а и понатаму бара усогласување на останатите плати со порастот на минималната. Според КСС, невозможно е да се реализира и линераното зголемување на платите за 2.806 денари, што е предлог на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција истакна дека е задоволен од сработеното за време на неговиот мандат, но оти останува борбата за усогласување на платите со минималната плата. Рокот за усогласување, според Ралповски, е одамна поминат.

-Имаме покачување од 12.000, 12.500, 14.00, 14.500 па 15.200 денари. Рокот е одамна поминат. Ние цело време бараме усогласување. Имаме 20 отсто во образование, пет отсто во јавен сектор, 30 проценти во здравство, а 75 проценти покачена минимална плата. Кога минималната плата се донесе во 2012 година, како се усогласуваше, така се покачуваат и платите во јавниот сектор. Во 2013 имаше покачување во јавниот сектор за пет проценти во 2015 година за пет проценти со цел да се усогласат платите, сега тоа не го гледаме. Сега не бараме да се усогласат само платите со ова покачување, туку и со она од 15.200 денари, рече Ралповски.

Според него, во општиот колективен договор никако не може да се уредат платите во јавниот сектор.

-И Законот за плати е комплицирана процедура затоа што тука имате илјадници професии во јавниот сектор и ќе трае најмалку една до две години. Тоа е огромен процес кој е прашање дали ќе се донесе и во септември 2023 ако работиме секој ден. Само се замајува јавноста, смета Ралповски.

Линеарното зголемување за 2.806 денари во јавниот сектор што е предлог на ССМ, според КСС, е невозможно да се исплати бидејќи или се зема плата по бод или по процент.

-За да се направи ова, потребна е измена на повеке законски акти и правење нови решенија за работа, рече Ралповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во воздушен напад загинал член на највисокото…

Терористичката група Хамас објави дека загинал висок…

Марш на КСС и скара пред Влада:…

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за…

КСС утре ќе бира ново раководство

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) утре на…

КСС го прекина протестот – се вршело…

Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот…

Ралповски: КСС ќе протестира додека не се…

Од Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најавија…