Објавено на:

„Европа не може без руски гас“

t

Европа не е подготвена за забрана на увозот на гас од Русија, а прекин на испораките би влијаел врз нејзината индустрија и стопанството во целина, изјави Алфред Стерн, првиот човек на австриската нафтена компанија „ОМВ“.

-Мислам дека не сме подготвени за ембарго, освен ако не сме подготвени да ги прифатиме последиците. Една работа треба јасно да се разбере – ние не можеме во Европа да обезбедуваме снабдување со гас од сопствено производство, туку преку испораки од Русија, истакна Стерн во интервјуто за виенски „Курир“.

Управата на „ОМВ“ смета дека прекинот во снабдувањето би имал големи последици врз индустријата и економијата.

-Се разбира, постои Закон за стопанисување со енергенсите што ќе обезбеди греење за домаќинствата. Домаќинствата годишно трошат во просек околу 20 отсто од гасот, потребни ни се околу 35 отсто за производство на енергија и околу 40 отсто за индустријата. Но, не се работи само за тоа, туку за одржување на нашата економска активност, а тоа повеќе не би било можно во случај на ембарго, додаде Стерн.

Што се однесува до нафтата, Стерн истакна дека „ОМВ“ не користи руски суровини во ниту една од своите рафинерии. Но, тој предупредува дека Русија произведува десет милиони барели дневно, десетина од светското производство на нафта, од кои 50 отсто се извезуваат.

-Тоа се значителни количества, а разликата во цената меѓу нафтата „брент“ и „урал“ моментално е 30 долари за барел. Безбедноста чини пари, а ембаргото го намалува обемот на испораки. Поради послабите економски прогнози, побарувачката за нафта веројатно нема да се зголеми толку многу, но може да се очекува дека цените на нафтата ќе останат високи. Пазарите не реагираат само рационално, тие се водени и од страв и емоции, вели Стерн.

Француската енергетска компанија Енжи се уште одбива рускиот гас да го плаќа во рубљи, а следната уплата доспева на крајот на мај.

Генералната директорка на Енжи, Кетрин Мек Грегор денеска изјави дека сценариото од кое Европејците толку се плашат за запирање на испораките на руски гас останува веродостојно, јави дописникот на МИА.

Таа додаде дека во моментов рускиот гас се плаќа според условите на договорот.

Мек Грегор наведе дека и резервите на гас изнесуваат 34 проценти, но оти треба да се мисли на следната зима.

– Ембаргото во секој случај ќе има важни последици за Европа. Европа ќе има проблем без рускиот гас, прекинот на испораките неизбежно ќе доведе до зголемување на цените, истакна Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп му се обрати на светот:…

Целосен текст од говорот на американскиот претседател…

Иран официјално ги потврди нападите врз три…

Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…

Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски

По потекло благородник и близок роднина на…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…