Објавено на:

И БЕСА ќе ја блокира работата на Собранието

t

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска изјава дека неопходни се предвремени парламентарни избори и оти неговата партија ќе ја блокира работата на Собранието. Тој образложи дека Владата нема кредибилитет да продолжи понатаму да ја раководи државата.

Сигурно со тие капацитети што ги има Беса во случајот со двајцата пратеници во Собранието, ние ќе делуваме да имаме активна блокада затоа што цениме дека после неуспехот да се добие датум оваа Влада нема ни најмалку кредибилитет да продолжи понатаму. После сите овие кризи со кои се соочуваме и со нерешеното одлучување и постапување на оваа Влада, цениме дека веќе го нема легитимитетот и затоа ни се потребни предвремени избори – изјави Касами на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

На новинарско прашање дали ќе го земат предвид образложението на Владата дека во време на криза поради војната во Украина не треба вака да се делува, тој порача дека нема да се послуша извршната власт.

Ако се слуша оваа власт поради кризата треба да им го продолжиме мандатот до бескрај. Изборите се неопходни – рече Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието утре избира нов министер за здравство

Собранието утре во рамки на 54. седница…

Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…

Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…

(Видео) Тепачка во бугарското собрание

Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…

Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…

Предлозите на Владата за нов министер за…

Се плашат од протести: Пратениците здружено и…

Во Собранието е предложен закон со кој…