Објавено на:

“Генералка викенд” – Градот Скопје се приклучува кон големата еколошка акција за чистење на Водно

t

„Генералка викенд“ за поубаво и почисто Водно

Градот Скопје се приклучува на најголемата еколошка акција за чистење заедно со Пивара Скопје, ПАКОМАК и Мен енд Маунтен, каде со заеднички активности со над 200 волонтери ќе се чисти планината Водно, соопштуваат од Градот.

Чистењето на Водно ќе се одвива започнувајќи од 09:00 часот до 14:00 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва.Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани граѓани да дадат свој придонес во еколошката акција за Водно и Скопје да бидат почисто и поубаво место за живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…