Траги-комедија – Муслиу: Сум предлагал и разумно е да имаме референдум за да станеме 52 американска држава

t

Јас сум предлагал неколку пати досега, а сметам дека е разумно да ни стои и таа опција, на референдум да се изјасниме дали сакаме да бидеме 52. американска држава, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

Тој смета дека „договор за стратешко партнерство со САД ѝ е многу потребен на Македонија, и пред сè, тој договор е во интерес на граѓаните, а не на владите.

Овој став на Муслиу следи по најавата на министерот за Бујар Османи дека во јуни во Вашингтон ќе почнат преговорите за потпишување на таков договор за партнерство во повеќе области.

– Ако некој досега ѝ бил доследен партнер на Македонија, тоа се САД. Тоа го докажале многупати досега, уште од осамостојувањето на земјата, со нивна помош во безбедноста, во економијата и во промоцијата и развојот на демократијата. Друга работа е колку ние сме се труделе и сме биле активни во задржувањето на нивното внинание за нас. За разлика од ЕУ, тие се една федерална држава и немаат систем на одлучување како Унијата и досега никогаш не нè разочарале. Ние дури сме имале и директна поддршка, лично залагање на претседателот Џорџ Буш, да станеме членка во НАТО, пример како најголемата сила на светот се залага и помага на една мала држава, вели Муслиу за Слободен печат.

Според Муслиу, договор за стратешко партнерство за нас ќе биде некаков гарант дека ќе се исчисти корупцијата, како и „ветер во грб“ на економско и на политичко ниво.

– Јас сум предлагал неколку пати досега, а сметам дека е разумно да ни стои и таа опција, на референдум да се изјасниме дали сакаме да бидеме 52. американска држава, па да видиме како ќе се однесуваат судиите, политичарите и сите останати со федералните антикорупциски закони над главата. САД се единствена држава која судски ги гони своите државјани ако извршиле коруптивни акти каде било во светот. Таков договор за нас ќе значи алатка за чистење на корипцијата и за поправка на некои аномалии. Оти, реално, САД и некмаат некаков голем нивен стратешки интерес да ни бидат партнери, едноставно ни се пријатели, но не пријатели на владите, туку на граѓаните. Тие се држава на правото и тие своите обврски ги исполнуваат, заклучува Муслиу.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ