Лидерите на Г7 ќе договараат санкции против Русија со учество на Зеленски?
Лидерите на Г7 ќе разговараат за потенцијалните нови санкции против Русија во недела, а според извори на Блумберг можно е на разговорите да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази уверување дека Европската унија ќе постигне договор за руското ембарго за нафта, откако предложи да им се даде на Унгарија, Словачка и Чешка повеќе време да се придржуваат.
Унгарскиот лидер Виктор Орбан претходно го спореди предлогот за забрана до крајот на годината со „нуклеарна бомба“ фрлена врз економијата на неговата нација. Кипар, исто така, го повика блокот да ја земе предвид загриженоста на Грција, Малта и Кипар при секоја забрана за транспорт на руска нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…