Антикорупциска комисија отвори предмет за сопругата и братот на обвинителот Артан Ајро

t

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Инановска за Инфомакс потврди дека ДКСК има отворено предмет за јавниот обвинител Артан Ајро, случај во неговата сопруга и неговиот брат се стекнуваат со голем личен бенефит.

Имено сопругата на Артан Ајро, Елеонора Ајро од неодамна е судијка во Управниот суд за што токму ДКСК има отворено предмет.

Елеонора Ајро под сомнителни околности најпрво станува дел од Академијата за судии и обвинители. Согласно Законот за академијата за јавни обвинители и судии, таа морала да работи одреден период во македонското правосудство како судија или обвинители или во спротивно да ги плати трошоците за обуката кој чинат околу 200-те илјади евра. Соогласно Законот тие што ќе ја завршат академијата понатаму се именувани за судии или обвинители.

Сепак сопругата на обвнителот Ајро ниту станува судија, ниту обвинител, ниту пак ги враќа огромните трошоци кон државата туку се вработува во Управниот суд.

Под сомнителни околности со основано сомнение дека истото се прави во интерес на семејството Ајро, се менува законското решение за Академијата со што се дозволува Елеонора Ајро да се вработи во Управниот суд, а набргу потоа се враќа старото законско решение.

Но тоа не е се. Со случајот на Елеонора Ајро не завршуваат „среќните околности“ за семејството па така неговиот брат станува началник во МВР.

Дритан Ајро брат на Артан Ајро неодамна стана началник во МВР, Струга. Она што е проблематично е што тој стана началник во полицијата имајќи во предвид дека е осудуван на условна казна затвор која се уште е активна.

Се чини дека среќните околности за семејството завршуваат тука бидејќи окрај предметот на ДКСК кој се води против Артан Ајро, обвинителот на поранешното СЈО сега се соочува и со кривична пријава од државниот правобранител.

Неодамна државното правобранителство поднесе кривична пријава против двајца поранешни обвинители и еден истражител на Специјалното јавно обвинителство за пропусти во случајот со бизнисменот Сеат Кочан.

Во пријавата од Државното правобранителство која заврши на адреса Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата, се вели дека поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал заедно со неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а актуелен директор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење.

Според наводите на државното правобранителство Ајро, Бубевски и Муареми навремено не поднеле барање за замрзнување на имотот на Трансмет вреден 17,2 милиони евра. Тоа време бизнисменот Кочан го искористил за да го префрлил имотот на друга фирма токму на денот кога СЈО побара замрзнување на имотот на Трансмет.

-Тие, заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд , а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка, знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Прво пријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава „не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства кои биле должни да ги превземат во постапката“, се вели во пријавата за случајот.

Ова не е прв пат името на Ајро да се најде на страниците на Инфомакс бидејќи како што ексклузивно објавивме тој ја злоупотребил својата позиција за да се стегне со огромен имот во неговата родна Струга.

Семејството на обвинителот Ајро поднело барање за денационализација на 1,8 декари атрактивно земјиште во Струга. Судиите кои одлучувале по барањето за денационализација, добиле кривична пријава за злоупотреба на службената должност, но не од приватно лице туку од државен орган.

Ајро, односно неговиот татко поднел барање за денационализација кое било било одбиено бидејќи земјиштето било национализирани и платено од страна на Република Македонија. Во меѓувреме е реализиран јавниот интерес за кој е одземено тоа земјиште и по ниеден основ не може да се врати, особено ако се има во предвид фактот дека истото е исплатено.

Од оваа причина Комисијата за денационализација го одбива барањето за денационализација, по што Ајро се жали до Управен суд, губи, за потоа да се жали до Вишиот Управен суд каде се одбива жалбата на жалителот и она што е најинтересно предметот оди до Врховниот суд на Република Македонија кој ги потврдил одлуките на двата степени од Управниот суд каде сега работи неговата сопруга Елеонора Ајро.

Иако се искористени сите правни лекови и највисоката судска инстанца има веќе дадено мислење за случајот по втор пат се поднесува барање за истото земјиште со друг архивски број. Значи за истата парцела, истите баратели на денационализација, ама нова постапка со нов архивски број и покрај одлуката на Врховниот суд.

Со криминално добиениот нов архивски број Земјиштето му е вратено и може да се види во неговиот анкетен лист. Се работи за земјиште во големина од 1840 метри квадратни, на атрактивна локација, плажа на брегот во Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…