Блинкен: Путин се обидува да ја изврти историјата за да ја оправда својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја „изврти историјата” во екот на комеморацијата за завршувањето на Втората светска војна „за да ја оправда својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина”, пренесе ДПА.
-Додека војната повторно беснее во Европа, ние мора да ја зголемиме нашата решеност да им се спротивставиме на оние кои сега се обидуваат да манипулираат со историската меморија за да ги унапредат сопствените амбиции, рече Блинкен во изјавата по повод 77-годишнината од победата над нацистите.
„Додека го одбележуваме крајот на Втората светска војна во Европа, имаме света должност кон паднатите: да ја кажеме вистината за минатото и да ги поддржиме сите оние во наше време кои се залагаат за слободата”, додаде Блинкен.
Крајот на Втората светска војна нашироко се одбележува на 8 мај, но Русија ја слави советската победа над нацистичкиот режим на 9 мај. Москва планира воена парада, а Путин се очекува да зборува за војната во Украина, пренесува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…