Бугарскиот премиер Петков во понеделник патува во САД – Ќе се разговара ли за Македонија?
Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе замине во работна посета на САД, соопшти денеска прес-центарот на бугарската Влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во понеделник и вторник ќе престојува во Вашингтон, каде на покана на претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, ќе учествува на лидерска средба на највисоко ниво.
Заедно со него во Вашингтон ќе бидат и двајцата клучни бугарски министри за енергетика Александар Николов и за одбрана Драгомир Заков, како и заменик министерката за надворешни работи Велислава Петрова.
Бугарскиот премиер ќе учествува на меѓународен лидерски состанок и ќе разговара со претставници на американската Влада. Средбата е клучна иницијатива на Конференцијата, формирана како еден од најважните меѓународни форуми за надворешна политика и безбедност.
За време на посетата на Вашингтон, бугарскиот премиер ќе разговара и со високи претставници на американската Влада и претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, за зајакнување на блиското партнерство на Бугарија со САД и меѓународната заедница.
Посетата е и дел од планот за координирани решенија за проблемите со природниот гас. Разговорите ќе се фокусираат на мерките за енергетска независност и безбедност на Бугарија по едностраниот прекин на снабдувањето од страна на Русија.
Премиерот Петков во Вашингтон ќе ги постави прашањата што се дел од бугарската агенда во контекст на руската агресија во Украина, вклучувајќи го и зачувувањето и консолидирањето на суверенитетот на земјата во енергетиката, одбраната и инвестициите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…