Објавено на:

(Видео) Руските и силите на ДНР извршија десант на “Азовстал”?

t

Силите на Доњецката Народна Република (ДНР) извршиле десант на челичарницата „Азаовстал“ од море.

Искцкрцувањето на брегот каде на индустрискиот комплекс, во кој се наоѓаат непознат број припадници на баталјонот „Азов“, го извршиле делови од морнаричката пешадија и територијалната одбрана на ДНР.

Единиците на ДНР се искрцале на делот од челичарницата што се граничи морето на чамци, а со нив бил и репортерот Александар Сладков, кој со својата екипа го снимил моментот кога силите на ДНР излегле од Азовското Море.

Припадниците на ДНР користеле брзи чамци на кои се наоѓаат по шест до 10 борци, вооружени со автоматски пушки и рачни ракетни фрлачи. Исто така, со овие чамци се пренесуваат храна и муниција за борците кои се обидуваат да ја заземат фабриката за челик „Азовстал“.

На чамците се веат и знамињата на Русија и на ДНР.

Битките за заземање на челичарницата „Азовстал“ траат веќе трета недела. Поради засолништата и подземните простории, руските сили бавно напредуваат и освојуваат дел по дел од челичарницата, во која, сега напоредуваат и од море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…