Брука: Девојка била тепана, силувана, давена, а велешки обвинител вели ништо не се случило!

t

Девојката од Велес која на 2 август 2020 година била натепана, давена, силувана и повторно натепана со клоци и боксови од поранешното момче, нејзин сограѓанин, е во шок откако вчера Јавното обвинителство на Велес донело одлука дека истрагата за овој случај ја запира.

Нема обвинение за пријавениот ни за нанесување телесни повреди, обвинителството ја упатило девојката ако сака и ако смета, сторителот да го гони со приватна тужба што би ја поднела до обвинителството.

„Донесена е наредба за запирање на истражната постапка за случајот за кој прашувате, бидејќи нема докази дека сторителот го извршил кривичното дело ‘силување’. Подносителката на кривичната пријава има право во рок од 8 дена од добивањето на наредбата со која се запира истрагата, да поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје, кое би одлучило по евентуалниот поднесен приговор. Во тој случај до Вишото обвинителство ќе биде испратен целиот предмет, со сите списи и собрани докази во текот на периодот за кој се водеше истрагата“, велат во Основното јавно обвинителство – Велес

На прашање зошто не се гони за насилничкото однесување и ќотекот што ѝ го удрил пријавениот на девојката, од ОЈО Велес рекоа дека таа има право да поднесе приватна тужба до обвинителството, за нанесување телесни повреди.

Овој случај не е познат само по тоа што жртвата по силувањето и тепањето излезе јавно да зборува за тоа што го претрпела, со модриците и раните што ги имаше на себе, барајќи брзо да реагира обвинителството (што не се случи). Ќе остане запаметен во кривичната пракса и по тоа што летоска надлежната обвинителка направила реконструкција на силувањето, во присуство на жртвата и на сторителот.

Чекајќи правда, вели нејзината мајка, девојката за овој период од година ипол, се разболела. Речиси никаде не излегува од моментот кога се случил настанот и е за првпат во животот под терапија и лекарски третмани. Од вчера, кога настапил дополнителниот шок по одлуката на велешкото обвинителство, мајката зела слободни денови од работа, за да ја чува дома 26-годишната ќерка.

Девојката чекаше правда, исто како и пријавениот, нејзино поранешно момче. Кај неа се заздравени модринките од тепањето, но од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми и болка.

Извор: Вечер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник од Скопје силувал малолетничка, делото го…

Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за…

Студентка издрогирана, претепана и групно силувана од…

Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе…

ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…

Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…

Родители на момче во Србија: Го силувалe…

Родителите на основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во…