Објавено на:

Протест на родителите и учениците од ОУ “Киро Глигоров” во Капиштец – Училишното раководство сакало да го отуѓи игралиштето за изградба на кафич

t

Денес, 8 мај 2022, во 11.00 часот се одржа мирен протест на родителите и учениците од ОУ Киро Глигоров во Капиштец, Центар, против одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето за кафич.

-Ние, родителите на ОО Киро Глигоров, Капиштец ве известуваме и воедно ги покануваме медиумите на 8. Мај 2022г. во 11:00 часот во школското игралиште да присуствувате на протестот што го организираме против комерцијалното отуѓување на игралиштето, соопштија вчера организаторите на протестот.

При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите.

Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови.

БАРАМЕ:

  1. Итно стопирање на градежните активности
  2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)
  3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.
  4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, стои во дописот до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…

Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…

Веќе 6 месеци  трае преписката на синдикатот…

(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба,…

Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот…

Жители на Финска протестираат поради затворањето на…

Граѓаните на Лапеенранта во Финска рекоа дека…