Објавено на:

Британски разузнавачи: Русија е значително ослабена од војната, ќе требаат години за да се врати во нормала

t

Британското Министерство за одбрана соопшти дека конфликтот во Украина значително ги оштетил руските вооружени сили и нивната опрема.

Во борбите е уништен најмалку еден Т-90М, најмодерниот тенк на руската армија. Овие тенкови беа претставени во 2016 година и имаат подобрен оклоп, оружје и најнапредни системи за сателитска навигација. Околу 100 од овие тенкови се во употреба.

 

Конфликтот во Украина сериозно ги оштети некои од најспособните руски единици. Ќе треба многу време и пари за Русија да ги обнови своите сили по војната. Посебно ќе биде предизвик да се замени најсовремената опрема, поради санкциите што се воведени – наведoa британското министерство на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…