Објавено на:

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот “Итно Копче” за помош на лицата над 65 години

t

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот ,,Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Денеска се промовираше „Итно Копче” програмата на Црвениот крст на Град Скопје, наменета за обезбедување сигурност на постарите лица над 65 години. Оваа новина на Црвениот крст се промовира на Светскиот ден на организацијата и се спроведува во соработка со град Скопје.

-Станува збор за услуга која е нова во регионот, но во дел од европските земји се спроведува со години, затоа го постои искуство од меѓународен тим кој ги обучува тимовите на Црвениот Крст на Град Скопје, кои понатаму ќе работат на терен. Целта е да се обезбеди сигурност на постарите лица над 65 години, со тоа што секогаш кога ќе се најдат во состојба на итност да можат да се јават на тимот на Црвениот крст Скопје, каде обучени лица ќе доаѓаат на терен и прават проценка што треба да се направи, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната промоција на услугата.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје појасни дека оваа услуга може да ја користат лицата над 65 години. Предност ќе имаат лицата кои живеат сами. Во оваа фаза ќе бидат вклучени лица над 65 години, кои се веќе постоечки корисници на услугата „помош и нега во домот“ во рамките на Црвениот крст.

Лицата ќе имаат Итно копче, уред, аларм, кој секогаш ќе го носат со себе и доколку се најдат во ситуација во која имаат потреба од итност со притискање на копчето алармираат посебен тим кој веднаш ќе излезе на терен и ќе дојде на помош. Во тимот заедно ќе работат бројни волонтери меѓу кои возачи, животоспасувачи, телефонски оператори, психолози, социјални работници, истакна Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

Со почит,

Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…