Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски стана член на најстарото и најпрестижно здружение на новинари во САД!

t

Здружението на професионални новинари, порано познато како Сигма Делта Чи, е најстарата организација што ги застапува новинарите во Соединетите Држави. Основана е на 17 април 1909 година на Универзитетот Депау, а нејзината повелба е дизајнирана од Вилијам Мехари Глен.

Од денеска уредникот на Инфомакс, Александар Митовски е член на најстарото и најпрестижно здружение на новинари во САД.

Здружението најшироко распространетата новинарска организација во САД која е посветена на поттикнување на слобода на медими и слобода на говор, здружението стимулира највисоки стандарди на етичко однесување. Се залага за слободен проток на информации кои се од витално значење за добро информирани граѓанство, преку секојдневната работа на своите над 6.000 членови, а воедно работи на инспирација и едукација на сегашните и идните новинари преку професионален развој, штитејќи ја слободата на говорот и печатот.

Здружението на професионални новинари има своја меѓународна заедница, која обединува новинари и верува во заштитата на новинарите на глобално ниво. Здружението работи на подобрување и заштита на меѓународното новинарство преку поттикнување на слободното новинарство во сите земји. Негова примарна цел е да ги обезбеди потребните ресурси за новинарите кои известуваат во странство, помагајќи своие работни задачи да ги вршат безбедно и ефикасно. Уште поважно, тоа е глобална заедница во која новинарите можат да добијат силна поддршка од своите колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…

„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…

Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…